Само три дена откако беше објавено дека американската поп ѕвезда Аријана Гранде се разведува од долгогодишниот партнер, како бомба дојде веста за афера со нејзиниот колега Итан Слејтер.
Сомнежите ги подгреаа различни извори, а денеска по објавата на Итан дека поднел барање за развод од сопругата Лили Џеј, аферата доби свој епилог.
Итан и Лили беа пар од средно училиште, се венчаа во 2018 година и го дочекаа нивниот прв син минатата година.
Според објавените информации, Аријана и Итан се запознале на снимањето на мјузиклот „Wicked“ кога ја започнале својата новооткриена афера, а колку долго ќе трае и што друго ќе се случи во нивните животи, останува да видиме!