Српската актерка Ивана Панзаловиќ која во септември минатата година преживеа вистински пекол откако нејзиниот вереник и пукаше во главата па тој се самоуби за прв пат се појави во јавноста.
Имено таа за прв пат откако се случи немилиот настан за прв пат се појави во една утринска емисија каде што истакна дека и е мило што е жива.
-Јас откако се случи тоа сфатив дека сум пресреќна што сум жива. Имав поддршка од семејството и од пријателите. Пред два месеци кога ме поканија од театарот ја прифатив нивната понуда, а тоа значи дека повторно ќе се вратам на сцената.
Таа вели и дека работата многу и помогна околу пребродувањето што и се случило.
Инаку многумина се изненадија од нејзиниот нов имиџ и кратка коса која ги изненади гледачите, погледнете.