Актерката Оливија Вајлд имала необична ситуација откако и биле врачени правни документи во врска со старателство над нејзините деца со Дејсон Судеикис, и тоа додека говорела на бина на СинемаКон.
Лице, кое е запознато со ситуацијата, но не е овластено јавно да говори вели дека документите биле во врска со воспоставување надлежност над децата.
Изворот додава дека Џејсон не знаел каде и кога документите ќе бидат доставени и дека никогаш не одобрил да ги прими на таков начин.
Во вторникот, додека била на бината и имала излагање, од публиката и пришол човек кој и го врачил писмото означено како „лично и доверливо“.
-Ова е за мене? Дали е ова сценарио? Во ред, разбирам. Благодарам, рекла актерката.
Судеикис и Вајлд беа верени седум години пред раскинувањето во ноември 2020 година. Тие се родители на синот Отис (8) и ќерката Дејзи (5).