Познатиот актер Долф Лундгрен во интервју за „In Depth With Graham Bensinger“ откри дека осум години се бори со ракот.
Лекарите го откриле и извадиле ракот од неговиот бубрег во 2015 година.
-Тогаш правев снимки на секои шест месеци, па секоја година и се беше во ред околу пет години, истакнал актерот.
Тој вели дека во 2020 година почувствувал нешто, отишол на преглед и дека лекарите утврдиле дека има уште шест тумори во областа, од кои едниот бил преголем за да се отстрани и барал системска терапија.
Во есента 2021 година, биле откриени повеќе тумори кога тој дошол во Лондон да ги сними продолженијата на „Аквамен“ и „Платеници“, и тогаш сфатил дека состојбата е полоша отколку што мислел.
Лекарите му спомнувале тумори на белите дробови, стомакот, па дури и на ‘рбетот и го советувале да се одмори од работа и да се посвети на семејството.
На прашањето колку му останало, добил одговор од две-три години, но рекол дека во гласот на докторот се слушало дека е помалку од тоа.
Тој побарал второ мислење и друг лекар утврдил дека ракот на бубрегот му мутира како рак на белите дробови, па соодветно го прилагодил третманот.
Актерот вели дека сега е при крај со овој процес и дека се надева дека наскоро ќе продолжи да зема само лекови и дека нема да има потреба од друг вид терапија.