Актерот Ченинг Тејтум, кој наскоро ќе го гледаме во филмот „Последниот танц на меџик Мајк“, откри зошто е избрана Селма Хајек за главна актерка.
Тој даде ексклузивно интервју за „Vanity Fair“ во кое зборуваше за деталите од филмот.
– Мислам дека би било шовинистички да се сними филм за зајакнувањето на жените и да нема жена која со својот силен карактер ги инспирира другите жени, рече Татум, додавајќи дека Селма Хајек е создадена за улогата на Максандра Мендоза, моќна богаташка која по разводот бара нова животна насока.
Актерот кој ги полуде жените ширум светот откри и дека Селма била една од неговите први љубови.
– Мислам, таа беше една од моите први симпатии, рече тој.