Најпознатиот вечен ерген Ал Пачино најмногу сака само помлади убавици, а сега е фотографиран со жена на која „паднале“ и некои други познати заводници.
Имено, тој минатата сабота бил фотографиран како ужива на вечера во населбата Венис Бич во Лос Анџелес, со телевизиската продуцентка Нор Алфала, која е пет децении помлада од него.
Двајцата биле во комбинации на црна облека, а биле снимени како излегуваат од ресторанот.
Нор на јавноста веќе и е позната по своите романси со постари мажи, па во минатото успеала да ги заведе Клинтон Иствуд (91) и Мик Џегер (78). Продуцентката раскина со Џегер во 2017 година, а во 2019 година се зборуваше за нејзината врска со двојната оскаровка Клинтон и таа тврдеше дека тие се само пријатели.
Водителката своевремено за магазинот „Хелоу “проговори за врската со Џегер и ги коментираше грдите коментари на јавноста поради разликата во годините.
– Нашите години не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска, но тоа беше среќен период за мене. Мик е во подобра форма од мене. Навистина го почитувам тоа што е толку дисциплиниран – изјави таа.