Маленко се разведе од четвртата жена! Абе какви се тие ексклузивни пишувања за мојот приватен живот и за брак кој завршил пред 18.5 месеци или пред година и пол, како сакате, вели Александар Маленко, пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација, за mms.mk.
Тој по вчерашното гостување на Алфа телевизија каде, како што вели, само рекол –„сам сум“ ги натера медиумите да пишуваат за развод со сопругата Фанче од Охрид, со која ги има децата Доминик (6.5) и Елисеј (4.5).
-Со Фанче решивме да се разделиме пред година и пол и до сега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми. Животот продолжува понатаму, ние сме во комуникација и понатаму, а децата поради работата, бидејќи веќе три години живеам и работам во Скопје, не се секој ден со мене и не ги гледам како треба. Тие се со Фани и живеат во нашиот дом во Охрид. Нема драма, нема помпезност, нема ниту трауми. По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање. Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот.