четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Александра Младеновиќ на 27 години може да испие и полoвина шише ракија: Мајка ми вели дека сум изрод!

Александра Младеновиќ на 27 години може да испие и полoвина шише ракија: Мајка ми вели дека сум изрод!

Александра Младеновиќ (27) без проблем истакна дека ноќе може да испие половина шише ракија, но дека нема проблем со нејзиното однесување.

– Сакам да испијам неколку чаши. Сакам ракија. Мајка ми ми вели дека сум изрод во семејството бидејќи освен мене никој не пие ракија. Можам да пијам пола шише за една вечер – рекла таа, па се навратила на своето однесување во моментите кога пиела повеќе.

– Немам испади да праќам пораки на поранешните дечковци. Кога пијам тогаш сум највесела, сакам се, гушкам и бакнувам. Еден пријател еднаш ми рече: „Треба почесто да си пијана“ – објасни Младеновиќ.

Пејачката раскажа и за проблемите по клубовите, па објасни како излегува на крај со пијаните гости.

– Не сум имала непријатни ситуации. Ми се случува да ми пријде понекогаш некој пијан гостин, но јас тоа го решава со насмевка и никогаш немам проблеми. Знам како функционира пијан човек, бидејќи и јас сум некогаш пијана, раскажа Младеновиќ за Хит.

Поради пандемијата со коронавирусот многу настапи биле откажани, но Александра не се жали. Сепак, не крие дека и се случило да ја пречека и празен клуб.

– Да, се случуваше тоа порано и мислам дека тоа не е срамота. Мислам дека на сите им се случило. Потполно ми е сеедно дали клубот е полн или празан. И да се само 50 луѓе, тие се тука за мене и јас гледам максимално да ги испочитувам, заклучи Александра.

Најнови вести