По извесен период и паузата која ја направи заради корона епидемијата, македонската трендсетерка и модел Александра Накова одново е активна во ноќниот живот, а со тоа и на социјалните мрежи, на кои најчестои споделува фотографии од тоа каде, како и со кого се забавува.
И додека Македонија се’ уште е фатена во костец со коронавирусот чиј интензитет зема се’ поголем замав, во соседна Србија, впрочем како и во целиот регион, епидемијата стивнува, мерките на влстите се сосема олабавени, па животот полека почнува да се враќа во нормала. Од публика на фудбалски натпревари, до полни угостителски локали, клубови и дискотеки…
На атрактивната гевгеличанка веројатно и дојде преку глава седењето помеѓу 4 ѕида и чекањето утре да биде подобро, па откако виде дека наместо подобро станува се’ полошо, ги спакува куферите и замина – правец Белград!
Таму животот се врати, па Накова реши малку да го почувствува на сопствена кожа. Овдешниот карантин го замени со продолжен викенд полн со ноќен живот, забава и возбуда… Македонскиот модел и некогашна ријалити ѕвезда очогледно според споделените фотографии со „полни гради“ го вдишуваше сето она што овде и недостасува, се разбира, како и секогаш во убаво друштво.
На атрактивната Александра, провокативно облечена, со длабоко деколте и истурени гради не и требаше кој знае каков повод за уште еден незаборавен ноќен провод, овој пат во српската престолнина. Нејзиниот секси изглед не остана незабележен, како од влажните машки погледи, така од објективите на папараците, но и на камерите од мобилните на посилниот пол.
Накова отсекогаш знаела како погледот да ви го „закова“ за она што е најатрактивно на неа: бујната силиконска предница, сочни напумпани усни, извајаната става и долгите тенки нозе. Ако на сето тоа му се придодаде и атрактивноста на нејзиното женско друштво, кое како по правило секогаш е исто толку привлечно и возбудливо колку и самата Александра, тогаш повеќе од сигурно е дека на местата каде што Накова се забавува, нема поглед кој нема да слета на расната македонска старлета.
Особено, кога на една од ноќните журки и правела друштво нејзината стара ријалити познаничка и пријателка Станија Добројевиќ. А, кога двете секси старлети и ријалити ѕвезди излегоа на заеднички провод, не можеа да останат незебалежени во српската престолнина. Впрочем две познати убавици, Накова и Станија заедно на исто место, тоа не се гледа баш често!
Останува само да видиме, откако кај нас ќе се олабават мерките и животот ќе се врати во нормала, дали Станија ќе возврати со посета, па Накова заедно со неа ќе прошета и по македонската престолнина?!