Името на поранешната манекенка и некогашна учесничка во реалното шоу „Преживеан“, и танцовото шоу „Танц со ѕвездите“, Александра Накова, и ова лето ќе се памти. Најпрвин таа успеа да ја разбранува јавноста со дружбата и лудиот провод по белградските ноќни клубови со најпознатата српска старлета Станија Добројевиќ.
Веднаш потоа сомедиумите пишуваа, а на социјалните мрежи се коментираше нејзината Ковид 19 афера, во која наводно Накова беше заразена со коронавирусот, па божем не почитувајќи ги протоколите на самоизолацијата, наводно била и уапсена на базен во родната Гевгелија.
Веднаш потоа таа ги демантираше гласините и написите, приложувајќи соодветна медицинска документација со негативен корона тест, но тука интересот за македонската старлета, како што ја нарекуваат, не престана. А како и би кога паралелно со „чаршиските муабети“ и новинарските написи по порталите, сексапилната гевгеличанка истата таа јавност постојано ја бомбардираше со провокативни фотографии, најчесто во бикини, каде доминираат нејзините бујни и раскошни секси облини.
Накова на своите следбеници им понуди серија од жешки фотографии од плажа и базени, каде на своето фото мени се имаше себе си… Полн кош од својот телесен раскош.
На сочните ботокс усни и веќе познатата гигантска силиконска предница овој пат во фото понудата им се приклучи и големата, овална задница на Накова, со која одново „ги закова“ погледите на своите следбеници за екраните на нивните компјутери и телефони, а најмногу на оние присутните на плажата.
Овој пат најблискиот базен убавицата го замени со уживање во прексрасниот сончев ден крај охридското крајбрежје. Глетката фасцинантна, а како и не би била, кога на неа го гледате спојот на двете македонски убавини – охридската езерска шир и бујните облини кои будат возбуда и немир… Особено кај машката популација, предизвикувајќи нескротлива желба за „акција“!
Блазе си им на оние што во тој момент се нашле на плажата покрај Накова, зашто ем пред очи во живо им е понудата, ем пред нив бистрите води на езерото… за да си ја смират возбудата!