Со голема болка и неизмерна тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 24.11.2020 година, нашиот Бојан Златановиќ Токан не’ напушти прерано, се наведува во соопштението на бендот АМАДЕУС:
„Неизбришливата трага на Токан ќе продолжи да живее преку Амадеус и сите нас, низ сето она што пред сè ни го довери како голем човек, низ ритамот што го вткаа во нашите срца и низ сеќавањата со кои ни ги облагородуваше душите.
Амадеус ве сака засекогаш.
Му благодариме на целиот персонал на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ за несебичната жртва и работата во борбата против оваа злобна болест.
Држете се и пазете се! “