Корисниците на Твитер веруваат дека Амбер нашла инспирација за своето сведочење во филмот „The talented mr. Ripley“
Продолжува судењето на поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп во Вирџинија, што се коментира и на Твитер, каде некои тврдат дека ова е вистината за неодамнешното сведочење на актерката.
Амбер Херд пред два дена сведочеше пред судот, давајќи драматични и контроверзни детали за нејзиниот брак со Џони Деп. Нејзиното однесување е под лупа од почетокот на судењето (истото може да се каже и за нејзиниот поранешен сопруг), а психологот Купер Лоренс го коментираше, велејќи дека изгледа малку лажно, а актерката звучи извежбано.
Нејзиното сведочење им изгледало познато на корисниците на Твитер, па велат дека Амбер Херд рекла „drink lots of tea“ на ист начин како што Џулија Робертс му рекла во „Notting Hill“ на својот филмски партнер Хју Грант.
Еден корисник на Твитер пишува дека изјавите на Амбер Херд дека Деп и удрил шлаканица, а потоа рекол дека повеќе би сакал да си ја отсече раката отколку да го повтори истото, всушност се цитат од филмот „Mildred Pierce“.
Корисниците на оваа социјална мрежа веруваат дека Амбер нашла инспирација за своето сведочење во филмот „The talented mr. Ripley“, што го откри нејзината реченица: „Кога бев блиска со Џони, се чувствував како најубавата личност на светот, тогаш тој исчезна“.
Цитатот од филмот гласи: “Како да те сјае сонцето и тоа е величенствено. А потоа те заборава, и многу е ладно. Кога го имаш неговото внимание, се чувствуваш како да си единствената личност во светот, затоа сите толку го сакаат“.
Џони Деп има голема поддршка на социјалните мрежи од почетокот на судењето. Амбер Херд даде многу вознемирувачки детали за нивната врска, а судот ќе го даде последниот збор.
Актерот Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета во областа Ферфакс во Вирџинија, барајќи отштета од 50 милиони долари за нејзиниот авторски текст објавен во 2018 година во Вашингтон пост, во кој актерката истакна дека е жртва на семејно насилство. Иако Амбер не го спомна името на човекот кој го извршил насилството во спорниот напис, таа јасно алудираше на кого мисли.
Амбер Херд одговори на тужбата на нејзиниот поранешен сопруг со контратужба и бара отштета од 100 милиони долари.
Кон крајот на минатата година, актерот го загуби судскиот спор против британскиот таблоид „Сан“, поради напис во кој се наведува дека додека биле заедно бил насилен кон поранешната сопруга. Високиот суд на Велика Британија пресуди во корист на издавачот.