Џони Деп се уште е актуелен по судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, а во странските медиуми се појавија информации за неговиот наводен сексуален живот за време на бракот со актерката.
Според адвокатите на Амбер Херд во незапечатени судски документи, Деп страда од еректилна дисфункција, поради што наводно сексуално ја нападнал својата поранешна сопруга.
– Иако г-дин Деп би сакал да не ја открие својата состојба со еректилна дисфункција, таквата состојба е апсолутно релевантна за сексуалното насилство, вклучувајќи го гневот на г-дин Деп и употребата на шише со кое Херд била силувана – поднесокот датира од 28 март, како што е објавено од Дејли Мејл.
Според адвокатите на Амбер, здравствената состојба на Деп придонела за неговото наводно насилно однесување кон Херд. Адвокатскиот тим на актерката тврди дека медицинската состојба на Деп предизвикува тој да стане „лут или вознемирен“, што доведува до лутина и агресија.
„Тоа го нареков лут секс што Џони не можеше баш да го изведе“, рече таа и додаде:
– Ќе ме фрли на креветот, тоа го правеше неколку пати, и ќе ме нападне бесно – рекла актерката.
Таа исто така рече дека Деп ќе поминува многу време со своите пријатели кои пијат, вклучувајќи го и нејзиниот татко Дејвид Херд и музичарот Мерлин Менсон, а тој ќе се врати дома „уште повеќе сексуално и вербално навредлив“.
Актерката тврдела и дека финансиски се издржувала за цело време додека таа и Деп биле во врска и покрај неговото инсистирање тој да се грижи за неа.
– Џони сакаше целосно да ме поседува – рече таа.
– Начинот на кој зборуваше за актерките беше презирен. Да се биде актерка беше грев за него – додаде Херд.
Поранешниот пар се упати на суд во април на шестнеделно судење во Вирџинија поради наводите за злоупотреба за време на нивниот брак. Двојката се венча во 2015 година, но се раздели нешто повеќе од една година подоцна, пред официјално да се разведат во 2017 година. Херд тврдеше дека Деп наводно ја малтретирал од 2013 година.