Ана Николиќ новата година ја започна работно, настапувајќи во два клуба, а во првото новогодишно интервју откри какви и се плановите за иднина и како напредува процесот на слабеење.
-Ослабев повеќе од 20 килограми и не планирам тука да застанам, тренирам, се хранам здраво, откри Ана, а со оваа фотографија покажа дека во таа намера е сериозна.
Во црн фустан, кој повеќе открива отколку што покрива, мрежести чорапи и чизми над колена, Ана позира пред новогодиншната елка и ја покажа значително послабата фигура.
Кога ќе се направи споредба со фотографиите по породување, промената навистина е драстична.