Ана Кориќ со месеци ужива со својот избраник кој вешто го крие од очите на јавноста, а тамошните медиуми сега пренесуваат дека поранешната „задругарка“ е бремена.
Имено, како што се наведува, пријателка на старлетата открила дека Ана била пресреќна на веста дека ќе стане мајка. Сепак, Кораќ се обиде да ја демантира оваа информација, но тоа само ги подгреа сомнежите дека таа е навистина бремена.
-Мислам дека конечно треба и јас да се огласам за да не се објавуваат изјави што не сум ги дала. Што се однесува до бременоста, сè уште нема да се огласам на оваа тема, разберете ме, порача Ана во својата објава на социјална мрежа и ги збуни следбениците.