Убавата Ана Курникова, поранешна тенисерка и сопруга на еден од најромантичните латино пејачи денес Енрике Иглесијас, сподели фотографија на Инстаграм од најмалата ќерка.
Третото дете на славниот пар го доби името Мери, а преслаткото девојче на фотографијата носи белa комбинација од брендот POLO.
Мама Ана, до фотографијата на седумесечната Мери напиша: „Вимблдон, доаѓам“, можеби нејзината наследничка еден ден ќе биде успешна тенисерка како нејзината мајка.
Двојката, втората бременост ја чуваа во тајност од јавноста, за на 30 јануари, латино пејачот ја сподели радосната вест со светот, објави фотографија од болницата, со бебенцето и Ана.
Парот има и близнаци, две ипол годишните Николас и Луси.