сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Николиќ си ја отвори душата: За „Ромале, ромали“ и Марина Туцаковиќ – еве што има да каже

Ана Николиќ си ја отвори душата: За „Ромале, ромали“ и Марина Туцаковиќ – еве што има да каже

Пејачката Ана Николиќ направи спектакл во популарен клуб во Загреб каде беше пречекана од бројна публика, која со години ја следи во овој град, а меѓу присутните на нејзиниот настап беше и пејачката Северина Вучковиќ, како и старлетата Сораја Вучелиќ.

-Во Загреб не сум била шест ипол години. Но, овде имам одлична публика, тие ги знаат сите мои песни, дури и ако заборавам некој текст, тие ќе продолжат, па затоа ми е многу лесно да пеам овде. Овде ме пречекаа како да сум во свој град, изјави Ана.

Изборот за „Песна на Евровизија“ и учеството на популарниот музички натпревар таа го доживеа кога во 2006 година ја изведе песната „Ромале, ромали“.

-Штета што таа песна не помина. Таа година се одржа „Евровизија“ во Атина, дури сакав да пеам на грчки, се беше добро осмислено. Таа песна воопшто не ми заработи пари. Ме лекуваа потоа затоа што не победив, а на сите им носеше пари, изјавила Ана за Ало!, и додала.

-Инаку, никогаш не сум ја работела оваа работа за пари. Ова е мојот живот. Мојата работа е мојот живот, мојот живот е моја работа. Парите само ми дојдоа како награда, тоа никогаш не ми беше мотив.

Николиќ се осврна и на новата песна и соработката со покојната Марина Туцаковиќ.

-Без Марина е невозможно, но ние се трудиме. Не е лесно. Не гарантирам за албум, а песнава едвај ја ископав, не знам за иднината,  изјавила пејачката.

Најнови вести