Пејачката Ана Николиќ објави фотографии на Инстаграм со непознат маж на кој му седи во скут, а многумина заклучија дека ова е нејзиното ново момче.
Имено, овој нејзин пост предизвика лавина коментари само неколку минути по објавувањето на фотографиите, бидејќи на нив е означен извесен Дејан. На сликата е прикажана пејачката во скут на непознат маж, а тој ја има потпрено главата на нејзиното рамо и изгледаат многу блиску.
На некои нејзини следбеници навистина им се допадна фактот дека мислат дека конечно е среќна во љубовта, додека други коментираат дека тој не може да се спореди со нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, но и дека нејзиниот нов избраник е всушност оженет.
„И треба да си среќна“, „Конечно слика со дечко“, „Тоа е оженет маж и не ги гледа децата поради неа“, „Нека ужива жената“, „Примитивно е да коментираш туѓи животи “,”Зарем по Раста овој го љубиш? “, се некои од коментарите.