Српската пејачка Ана Николиќ редовно на социјалните мрежи ја покажува својата витка фигура која по борбата со вишокот на килограмите ја доби со оперативниот зафат и смалување на желудникот.
Имено пејачката иако го смали желудникот, таа редовно остана да вежба и да ја одржува фигурата.
А, овој пат тоа го докажа и пред камерите на „Папарацо лов“ иако не знаеше дека е снимана.
Пејачката на тренингот во еден од парковите во центарот на Белград тргна заедно со ќерката Тара и дадилката.
Во оваа прилика таа покажа како навистина изгледа нејзиното тело, а особено фановите се изненадија од лицето без шминка кое и е совршено, погледнете.