петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Антониа Гиговска со прво медиумско обраќање по породувањето ексклузивно за Вистина.мк

Антониа Гиговска со прво медиумско обраќање по породувањето ексклузивно за Вистина.мк

14-ти јули, денот кога пред два месеци за пејачката Антониа Гиговска и за нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцоски се промени се’ – на свет дојде нивниот наследник, синчето Киан кој сега е центарот на нивниот универзум. Тазе остварената мама иако е активна на социјалните мрежи, за медиумите остана резервирана за повеќе детали откако се породи, но се досега. Таа во ексклузивно интервју за Вистина.мк откри нешто повеќе за првите денови како мајка, како поминало породувањето, новата најголема улога, враќањето на сцената и сл…

Како си Антониа, како е Киан? Опиши ни ги твоите емоции од првите денови како мајка…

– Супер сум и јас и Киан. Првите денови како мајка беа исклучително тешки но преубави, сфакаш дека нема нешто поубаво на светот од свое дете.

Сега си капетан на брод кој почна да плови по море кое нема константа, ја добиваш ли потребната поддршка?

-Поддршката ја добивам и сум неизмерно благодарна на сите кои што се до мене и Киан.

Што замислуваше, а што се случи на породувањето, како помина?

– Имав страв од породувањето и тој цел процес, меѓутоа се пројде во најдобар ред, се породив со царски рез поради тоа што не можев природно, но во секој случај од моето позитивно искуство кога би се породила пак како за првпат би одбрала повторно царски рез. Сега очекувам да добијам коментари како, јас не знам што е мајчинство и што значи да се породиш природно, но ке се одбранам и јас и сите оние кои се породиле со царски рез, тоа не не’ прави помалку мајки од оние што го поминале природно процесот – болките се исти, можеби и посилни.

Која беше првата мисла што ти помина низ глава кога првпат го виде бебето кое 9 месеци го носеше во утробата, може ли да се опише тоа чувство?

– Чувството не се опишува, не можев да дојдам до збор, бев возбудена и со измешани емоции на страв и возбуда. Кога го видов тоа носе се заљубив на прв поглед.

Целото интервју со пејачката Антониа Гиговска прочитајте го на vistina.com.mk

Најнови вести