петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Антониo Бандерас: Срцевиот удар беше најдобрата работа која ми се случи

Антониo Бандерас: Срцевиот удар беше најдобрата работа која ми се случи

Холивудската ѕвезда Антонио Бандерас преживеа срцев удар во 2017 година, а сега проговори за се низ што поминал и што научил од тоа. Истакнал дека неговиот живот значително се променил.

-Ме натера да го ценам животот на поинаков и на многу посилен начин. Го променив животот во целост засекогаш. Сепак имав среќа бидејќи срцевиот удар може да ве убие. На некој начин, тоа е една од најдобрите работи кои ми се случија во животот, да доживеам срцев удар, истакна тој.

Бандерас итно бил пренесен во болница откако добил болки во градите за време на тренинг. Подоцна се утврдило дека имал срцев удар. Како што се наведува, неговата тогашна девојка Никол Кимпер всушност му го спасила животот, бидејќи за време на нападот му го дала најсилниот аспирин кој случајно го купила претходно поради главоболка.

По страшниот период во животот, актерот престанал да пие алкохол и да пуши цигари, а повеќе пати истакнал дека 2017 година е пресвртница во неговиот живот.

Најнови вести