недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Антонио наполни 61 година, но уште е еден од најпосакуваните заводници во светот (ФОТО)

Антонио наполни 61 година, но уште е еден од најпосакуваните заводници во светот (ФОТО)

Еден од најпознатите шпански актери и латино заводници, Антонио Бандерас, денес полни 61 година.

Антонио е роден во 1960-та година, во многу патријархално семејство. Неговиот татко бил полицаец, а неговата мајка почитувана учителка.

За време на детството, тој сонувал да стане светски познат фудбалер и не ги пропуштал секојдневните тренинзи се до неговиот пубертет. Тогаш сакаше да влезе во театарската секција во неговиот град.

Неговиот талент го забележале познати уметници, па Бандерас отишол во Мадрид кога имал помалку од деветнаесет години, каде што ја започнал својата кариера во Шпанскиот национален театар.

Неговите улоги се многу добро познати, а посебно се зборува за неговиот изглед. Тој и на оваа возраст е еден од најпосакуваните мажи во светот.

Најнови вести