Погледнете како изгледа мис Бахреин, убавината ја наследила од мајка ѝ Русинка и татко ѝ Арап.
Русинките се сметаат за едни од најубавите жени на светот, некои од најатрактивните жени се или по потекло или пак баш од таа земја: Ирина Шајк, Наталија Водјанова, Наташа Поли…
Сите овие дами со нивната убавина го маѓепсале светот, а наскоро ќе им се придружи уште една убавица која е по потекло од Русија и која добила официјално признание најубава.
Новата мис Бахреин за 2022 е Евлин Абдула Калифа, а за неа велат дека е уште поубава од Ирина Шајк.
Мајката на оваа девојка која веќе ја прозвале „арапска принцеза“ е Русинка. Животот ѝ „наредил“ дека поради својот сопруг Арап мора да го напушти родниот град и да се пресели во Бахреин. Таму се венчале и основале семејство. Прво ја добиле Евелин, а потоа и нејзиниот помлад брат.
Оваа 24-годишна убавица е модел и пијанистка, а своите корени не ги заборава.
Што се однесува до нејзиниот изглед, тој е најубава комбинација на словенска и арапска крв. Совршени пропорции на лицето, темна кожа, огромни светли очи и раскошна коса – не е ниту чудно што ја однела убедливата победа меѓу 300 пријавени девојки кои го поминале кастингот.
„Мојата главна цел во животот е да успеам и верувам во себе поради тоа што во животот сум се соочила со многу проблеми. И сфатив дека кога веруваш во себе можеш да постигнеш многу“, вели Евлин.
Оваа девојка моментално се подготвува за избор Мис Универзум.