Поп-пејачката Аријана Гранде е прогласена за жена на годината од страна на магазинот Билборд.
По големиот успех со последниот албум „Sweetener“ нејзините хитови беа високо рангирани на Билбордовата листа синглови, а се задржаа и како најслушани.
„Аријана Гранде е оригинална ѕвезда која не ги следи актуелните текови и правци во музичката индустрија. Таа стои зад своите одлуки во светот кој често не е добронамерен кон силните млади жени. Таа е храбра и во моментот ствара најдобра музика во својата кариера, таа заслужува да биде жена на годината“, вели Рос Скарано од Билборд.
Наградата за жена на годината ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк.
Ова е голем успех за Аријана и ветар во грб за иднината, имајќи во предвид дека неодамна ја раскина веридбата со комичарот Пит Девјидсон.