Аријана Гранде има нова улога – заштитно лице на Живанши.
26-годишната музичарка ја сними првата кампања за луксузната модна куќа и веќе се објавени промотивните фотографии за сезоната есен/зима 2019.
–Живанши е куќа на која отсекогаш ѝ сум се восхитувала, па чест е што сега сум дел од ова семејство. Ја обожавам облеката и самодовербата и радоста кои им ги дава на луѓето кои ја носат, изјави Гранде.
Фотографиите се дело на Крег МекДин.
Во овој стил, Аријана секако може да им биде пример на младите. Доста беше голотии и нападни комбинации.