Додека за време на Божиќ во семејството на пејачката Јелена Карлеуша се случуваше вистински пекол откако фудбалерот Душко Тошиќ физички ја нападна, овој Велигден е поразличен за нивните две ќерки.
Имено фудбалерот Тошиќ се одлучил најголемиот христијански празник да го помине во друштво на двете ќерки и тоа далеку од дома.
Тој ги однесе ќерките во Дубаи уживајќи под топлото сонце и покрај плажата заедно со двете негови миленици.
И додека тие тројца се во Дубаи, Јелена се пофали како е во Турција, а дали таа ќе одлета до Дубаи и остатокот од времето ќе го поминат заедно останува да видиме.