Пејџ Спиранац, поранешна професионална голферка, уште еднаш на терен направи потег за кој сите зборуваат.
Оваа Американка од 135 метри оддалеченост успеала да ја погоди дупката од прв обид и предизвикала вистинска еуфорија меѓу сите оние кои го набљудувале тој удар.
Еден од нив бил и Гери Плејер, еден од најдобрите голфери на сите времиња и човек кој освоил девет мастерси. Девојкaта напишала дека тоа ѝ е најубавиот момент во животот.
Инаку, таа е родена во Колорадo, а нејзиниот дедо од таткова страна се преселил во САД од Хрватска.
Поради совршената фигура на тело и честите објави на социјалната мрежа Инстаграм нејзе ја следат над три милиони корисници.
Пред голфот таа се занимавала со гимнастика, а самата таа изјавила дека знае дека ја гледаат како трик во светот на голфот.