Додека сите гледаат каде ќе одат на одмор, одморот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ и официјално започна, а пејачката ја извести јавноста за тоа преку Инстаграм.
Таа со своите следбеници сподели нереални сцени од местата каде одмара со сопругот.
Наместо да оди на потопли места, брачната двојка заминала на постудено, во Норвешка, а вака изгледа сместувањето кое ја воодушевило пејачката.
Таму отпатуваа затоа што траеше Светскиот музички фестивал кој не сакаа да го пропуштат, но по пат ја искористија можноста да уживаат во бајковитата убавина на градот.
Планинските предели целосно ја маѓепсаа поп-пејачката и таа го фотографираше сето она што го виде пред себе, за што не може да и се замери бидејќи речиси никој не може да им одолее на овие природни убавини.