понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бајковита празнична атмосфера која е сон на многу семејства – еве како Драгана Мирковиќ го прослави Велигден, еве ви идеја сами да го направите ова! (ФОТО)

Бајковита празнична атмосфера која е сон на многу семејства – еве како Драгана Мирковиќ го прослави Велигден, еве ви идеја сами да го направите ова! (ФОТО)

Пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ го слават Католички Велигден.

Токму поради овој голем христијански празник, нивниот дом зрачи со бајковита празнична атмосфера, а украсувањето на Драгана Мирковиќ предизвика лавина од пофални коментари.

Имено, пејачката сподели дел од атмосферата со своите пријатели на „Инстаграм“, откривајќи како изгледа декорацијата на трпезата во која доминира белата боја.

Има и симболи на успех и среќа – украсно дрво со велигденски јајца, фигури на зајачиња и лалиња. Судејќи според фотографиите, во семејниот дом се’ е подготвено за свечен ручек со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ и децата, синот Марко и ќерката Мануела, за да го одбележи најрадосниот празник.

Иако живее во замок и може да си дозволи се’, велигденската декорација на Драгана Мирковиќ не е прескапа и може да биде инспирација за секоја домаќинка.

Пејачката несебично споделува детали од семејниот живот со своите следбеници, а тие и возвраќаат со многу љубов, па веруваме дека и овој пат ќе добила грст празнични честитки.

Најнови вести