четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бака Прасе го вратил долгот од 50.000 евра, по испадот на социјалните мрежи сериозно настрада

Бака Прасе го вратил долгот од 50.000 евра, по испадот на социјалните мрежи сериозно настрада

Богдан Илиќ ака Бака Прасе успеа да го реши проблемот со опасните момци и го врати долгот од 50.000 евра поради кој беше во големи проблеми.

Да се подсетиме, минатата недела непознат маж му го запали локалот на Бака Прасе.Познатитот српски јутјубер седум дена немаше мир, а сега ја реши деликатната ситуација. Илиќ им се пожалил на своите пријатели дека му стигнала опомена дека за помалку од седум дена мора да го врати долгот и дека успеал во тоа.

– Го решив проблемот. Повеќе нема да има вакви ситуации. Бака Прасе едно говори на Инстаграм, а друго прави во приватниот живот за да ги сокрие траговите. Проблемот со луѓето на кои им должи пари е решен и сега ситуацијата е стабилна. Тој веднаш организираше локалот да се приспособи и тој полека се враќа во нормала, но штетата е голема. Луѓето кои го бркале поради долгот сега си ги земале своите пари и немаат други барања од него. Во прашање била сериозна сума на пари, на Бака Прасе не му било сеедно што му дале рок, но се снашол. Тој е опасен. Не е Бака Прасе за потценување, изјавил еден негов пријател.

Според неговите зборови, Богдан не смеел да ги провоцира и навредува на социјалните мрежи луѓето на кои им должи пари и за кои мисли дека го опемениле со тоа што му го запалиле локалот.

-„Не можат го*ната клошарски да палат“, а потоа му стигнала порака дека времето му изминува. Бака Прасе тогаш сериозно ја сфатил ситуацијата. Богдан сака да се сили, па после тоа бара излез и решение. Тој приватно не е толку јак како што се преставува на Интернет. Он повеќе навредите ги кажува за да им се престави на жените како опасно момче. Приватно е помал од зрно од афион. Но и понатаму не знаеме од кого земал пари и кому му е должен, но оваа приказна не беше воопшто наивна. Тие момци не сакаа да го толерираат неговото мотање. Важно е дека ситуацијата е решена, рече извор за српските медиуми.

Најнови вести