Во медиумите одекна веста дека на контроверзниот јутјубер и инфлуенсер Богдан Илиќ, по јавната битка со сопственикот на ТВ ПИНК, му беше изгасен неговиот Јутјуб канал, каде заработуваше многу пари.
Денес, уште еден удар за Богдан, попознат како Бака Прасе – затворен му е профилот на Инстаграм, кој беше уште еден извор за негова заработка.
Имено, тој се огласи од друг профил на гореспоменатата социјална мрежа, каде на јавноста и соопшти дека неговиот профил кој имал над милион следбеници е затворен.
„Инстаграмот на Бака Прасе е затворен“ – стои во објавата на еден од неговите резервни профили.
Да потсетиме, конфликтот меѓу Бака Прасе и Жељко Митровиќ започна кога Богдан пијан во живо го навредуваше Жељко, го обвини дека му должи пари, а тој не застана ниту тука, туку упати низа брутални навреди кон него.
Митровиќ потоа ги презеде работите во свои раце и застана на патот на скандалозното и арогантно однесување на Јутјуберот, кој нема милост кон неистомислениците.