Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово заврши во полициска станица за да даде изјава за сите обвинувања и малверзации кои ги правел во претходните години.
Имено, Илиќ завршил на одделот за високотехнолошки криминалци, бидејќи малтретирал и малолетни и невини девојчиња, навредувајќи ги и понижувајќи ги, пишува ПИНК.
Јутјуберот на својот Инстаграм профил потврди дека е во полиција и дека е повикан на информативен разговор во врска со изјавата за целата ситуација.
-Сепак, најголемата грижа против која се бори директорот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, а кога станува збор за јутјуберот, е неговото одвратно однесување кон малолетниците и припадничките на понежниот пол. Сведоци сме дека Илиќ своевремено ги кажа најгрозоморните навреди за младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, која подоцна изврши самоубиство. Тогаш се шпекулираше дека за се е делумно виновен јутјуберот, бидејќи Кика со месеци беше малтретирана од него, но и од неговите следбеници, на кои тој лично им порача да оставаат најодвратни коментари под нејзините фотографии, пишува ПИНК.
Митровиќ и Илиќ се долго време во медиумска војна, па ТВ ПИНК објави низа обвинувања за Бака Прасе.