сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Баксузно име: Ниту еден Чарлс не поминал добро низ историјата, што ќе направи новиот крал?

Баксузно име: Ниту еден Чарлс не поминал добро низ историјата, што ќе направи новиот крал?

По смртта на кралицата Елизабета Втора, Велика Британија доби нов монарх – кралот Чарлс Трети.

Фактот што новиот монарх не го смени името изненади многумина. Не само затоа што тоа е често случај кога станува збор за монархијата, туку и затоа што во историјата на британската Круна името на овој што ја носи сега се покажало како – баксузно!

Чарлс Трети, полно име Чарлс Филип Артур Џорџ, автоматски стана нов крал на Британија по смртта на мајка му. Иако ова не е законски пропишано, многу историчари очекуваа дека тој ќе сака да си го смени името и наместо Чарлс да земе едно од неговите други официјални имиња – Филип, Артур или Џорџ.

Претпоставката беше дека принцот ќе одлучи да го избере името Џорџ, во чест на дедо му Џорџ и потоа да биде познат како кралот Џорџ Седми. Сепак, тоа не се случи и најстариот син на кралицата Елизабета ќе биде крунисан како крал Чарлс Трети.

Зошто е ова необично? Бидејќи Чарлс Први и Чарлс Втори биле толку лоши владетели што со векови ниту еден монарх на островот не го зел нивното име.

„Единаесет години тиранија“

Чарлс Први Стјуарт владеел во 17 век. Сакал апсолутна власт и способност неограничено да војува, па владеел единаесет години без парламентарна контрола, наметнувајќи огромни даноци на населението за да ги финансира неговите воени походи. Бил толку „омилен“ што тие години во британската историја се познати како „единаесет години тиранија“.

Тој е познат и по тоа што бил единствениот британски монарх кој бил погубен од сопствениот народ. Тоа се случило во 1649 година, а потоа монархијата била накратко укината во Британија и била основана република.

Веселиот монарх

Монархијата во Англија била обновена во 1660 година, а потоа на престолот го зазел Чарлс Втори Стјуарт, синот на Чарлс Први, кој за време на неговиот живот бил наречен Веселиот монарх, бидејќи бил познат по своите љубовници и како голем хедонист.

Не бил многу заинтересиран за управување со државата, па зад себе не оставил официјално потомство, иако имал бројни вонбрачни деца со љубовници.

Него го наследил неговиот брат Џејмс Втори.

Најнови вести