Српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ синоќа го одржа својот концерт во Загреб, втор по преживеаниот инфаркт.
Хрватските медиуми пренесуваат дека атмосферата била одлична. Концертот Балашевиќ го отворил со песната Словенска, а имал и порака за публиката.
-Па каде сте вие? Имав некоја ситуација, како што би рекле Американците, и тоа беше за мене изненадување, морав да ги смислам оние „последни зборови“, Малку ме изненади, не очекував, јас сум мајстор за импровизации и гледав во сите тие луѓе во бело и размислував што да кажам и знаев „Добро вечер Загреб“. Не е готово, додека дебелиот не отпее што има, и се обрати Балашевиќ на публиката која го поздрави со овации.