четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

БАНКРОТИРАВ: Леонтина проговори за својот најголем порок, поради ОВА останала без пари

БАНКРОТИРАВ: Леонтина проговори за својот најголем порок, поради ОВА останала без пари

Леонтина Вукомановиќ претходните години се повлече од јавната сцена и се посвети на работата со деца, а искрено зборуваше и за деновите кога нејзината музичка кариера беше на врвот.

Пејачката признала дека во текот на нејзината пејачка кариера потрошила многу пари на облека, а поради тоа и биле загрозени финансиите.

-Претходно бев подготвена да потрошам огромни суми пари на креации кои ми се допаѓаат. Банкротирав поради тие мои желби, бидејќи навистина не жалев што потрошив пари на облека што ми се допаѓаше. Кога станува збор за локалната мода, не прашував колку чини, изјавила пејачката, која потоа признала дека светските брендови никогаш не ја интересирале.

-Никогаш не ме интересирале светски брендови, не ме интересирале брендирани работи. Секогаш ги следев локалните дизајнери и уживав да носам уникатна облека. Покрај тоа, потрошив многу пари на брендирани чевли, признала Леонтина и открила дека нејзиниот начин на живот значително се променил во последните години.

Најнови вести