петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

БАШ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НАГРАДИТЕ: Реакцијата на Семјуел Л. Џексон хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

БАШ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НАГРАДИТЕ: Реакцијата на Семјуел Л. Џексон хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Познатиот актер Семјуел Л. Џексон неодамна стана хит на социјалните мрежи по неговата реакција на 76-тото доделување на наградите Тони во Њујорк.

Имено, актерот влезе во потесниот избор за познатата награда, но на крајот наградата за најдобра изведба во претставата „Леополдштат“ ја освои актерот Брендон Урановиц. Други номинирани во оваа категорија беа Аријан Моајд за „A Doll’s House“, Џордан Купер за „Ain’t No Mo“ и Дејвид Зајас за „Cost of Living“.

Реакцијата на Семјуел Ел Џексон по прогласувањето на победникот насмеа многу корисници на социјалните мрежи, бидејќи актерот не покажа разочарување од неосвоената награда, а притоа изгледаше прилично збунето.

-„Ликот на Семјуел Л. Џексон целосно ме разнесе“, „Изгледа знаеше дека нема да ја добие наградата“, „Не сака ни да биде тука“, беа само дел од коментарите.

Ова беше и прва номинација на Џексон за престижната награда. На наградите пристигна со сопругата со која подоцна додели награда.

Најнови вести