Македонската водителка Маријана Станојковска потресена од веста за смртта на пејачот Влатко Илиевски јавно се збогува од својот колега и пријател.
На својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со Влатко. Маријана и Влатко долго време беа водителски пар и заедно ја водеа емисијата „Бекстејџ“.
Пејачот пред два дена во 23 часот беше пронајден мртов во својот автомобил, а се уште се истражува причината за смртта.