Џенифер Анистон и Кортни Кокс десет години глумеа пријателки на телевизиските екрани во „Friends“, но до ден-денес се многу добри пријателки и во реалниот живот.
Кокс не ја пропушти премиерата на „Dumplin“, кој е најновиот филм на Анистон.
Двете актерки позираа заедно, потсетувајќи милиони нивни фанови на популарната серија која им донесе светска слава.