вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беа пар во „Игра на тронови“, а сега направија романтична свадба

Беа пар во „Игра на тронови“, а сега направија романтична свадба

Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли вчера се венчаа во Абердиншир, североисточна Шкотска.

Венчавката беше во црквата Рејн, во близина на 900 години стариот замок Вордхил, кој е во сопственост на семејството Лесли.

Харингтон (31) и Лесли (31) се запознаа во 2012 година на снимање на серијата „Игра на тронови“, каде ја играа двојката Џон Сноу и Игрит.

Лесли две години подоцна замина од серијата и сега игра во американската драма „The Good Fight“.

Помеѓу гостите на свадбата беа и други актери од „Игра на тронови“ – Питер Динклиџ, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер и Емилија Кларк.

Најнови вести