Пејачот Слоба Радановиќ неодамна за прв пат стана татко кога неговата сопруга Јелена Радановиќ го роди малиот Дамјан.
Пејачот во неколку наврати се пофали дека е многу среќен и дека целото слободно време го поминува со бебето, но и дека жали што порано не се реализирал во улогата на татко.
Јелена често објавува семејни фотографии на Инстаграм, а сега имаа посебна причина за славење. Имено, Дамјан наполни еден месец и гордиот тато се пофали со прекрасна фотографија.