Папараците успеале да ја фотографираат поранешната тенисерка Ана Ивановиќ како ужива во сончевиот ден на островот Палма де Мајорка. Се шетала опуштено по улиците, исто како да не родила бебе пред само 20 дена.
Во оваа кратка прошетка, друштво ѝ правеле нејзината мајка, Драгана и синовите, сите тројца.
Иако новороденото бебе немало ни две недели, Ивановиќ го прошетала со семејството, додека таа цело време била видно расположена.
Папараците успеале да го фотографираат изгледот на Ана Ивановиќ.
после породувањето, поточно нејзината фигура, која заслужува пофалба – поранешната тенисерка изгледала прекрасно и во топ форма.
Да потсетиме, Ана Ивановиќ се породила на почетокот на мај и на свет донела момче.
Нејзините постари синови, Лука и Леон личат на татко им – Бастијан Швајнштајгер, а името на третото дете сè уште не е познато за јавноста.