Облечен во црн костум со вратоврска, тој подзастана со наведната глава по 13-часовно чекање.
Дејвид Бекам е уште една позната личност која не ја крие својата искрена тага за загубата на кралицата Елизабета, па им се придружи на илјадниците ожалостени во оддавањето почит на кралицата.
Иако е една од најголемите ѕвезди во светот, тој застана на ред со илјадници “обични“ луѓе, носејќи темна капа.
Бекам се приклучи на редот во раните утрински часови, подоцна велејќи:
-Мислев дека со пристигнување во 2 часот по полноќ ќе биде малку потивко – згрешив.
Тој и се обрати на јавноста и се нарече себеси „голем ројалист и обожавател на кралското семејство“.
Тој им рече на новинарите:
-Овој ден секогаш ќе биде тежок ден. Нашите мисли се со семејството, многу е посебно да се слушнат сите приказни од луѓето овде. Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот Орден на Британската империја. Со мене ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав толку среќа што имав неколку такви моменти во мојот живот за да бидам покрај нејзиното височество. Тоа е тажен ден, но ден за паметење, рече екс-фудбалерот.
Дејвид е само едно од многуте познати лица видени на ова место во последните денови.
David Beckham joined the queue to see the Queen’s coffin at 0145 am Friday morning. If he looks like a man who has been up all night – he has. Full credit to this man who could have played the VIP card. He is a credit to our nation, and his Queen. pic.twitter.com/Gc8VQSETGn
— Tony Parsons (@TonyParsonsUK) September 16, 2022