Еден од најпознатите фудбалери во светот Дејвид Бекам (46) објави нова фотографија на својот Инстаграм профил и ги воодушеви фановите.
Поранешниот фудбалер позираше со сопругата Викторија (47) носејќи божиќен џемпер со натпис „Spiceworld“. Имено, Бекам му оддаде почит на бендот во кој на почетокот на светската кариера пееше неговата сопруга со прекар Пош Спајс.
– Да, јас сум обожавател на Викторија Бекам и Спајс Грлс. Божиќните џемпери излегоа – напиша Дејвид во описот на објавата.
Истата заедничка фотографија и онаа на која фудбалерот позира сам ја објави Викторија, па напиша:
„Ова е за мене божиќен џемпер, господине Бекам! Бакнежи.