Пред некое времетаа имала непријатно искуство што предизвикало јавно да ги преиспита нивните правила.
Имено, таа се пожали дека е цензурирана од Инстаграм затоа што во една од последните објави, посветена на нејзиниот татко Мохамед, ја спомна Палестина, која е негова татковина.
-Инстаграм ја отстрани мојата приказна во која ја напишав – татко ми и неговото родно место Палестина – со фотографија од неговиот американски пасош. Кој дел од гордоста со родното место на татко ми е насилна, вознемирувачка или голотија? Зошто е ова против правилата? Зар не треба да бидеме Палестинци на Инстаграм? За мене, тоа е злоупотреба. Вие не можете да ја избришете историјата со замолчување на луѓето. Тоа не функционира на тој начин, напиша на своето Инстаграм стори.