На шпекулациите им дојде крајот. Музичката ѕвезда Маја Беровиќ по бројните претпоставки дали е во блажена состојба, одлучила оваа радосна вест да ја сподели со своите фанови.
Како што дознаваме, Маја влегла во шестиот месец од бременоста, а на свет во фебруари ќе донесе момче.
По овој повод се огласи Маја со интересна фотографија и порача:
– Изгледа ќе има повеќе бебиња следната година, наместо вечерва, бидејќи мама Бебовиќ coming soon. Премногу сум среќна и благословена што на свет ќе донесам еден нов живот. Благодарам на сите пријатели, соработници кои во претходните месеци ме чуваа за да можам да бидам професионална во мојата работа. И сега, по феноменталните месеци поминати со вас во ова лудо време, мојот сладок одмор конечно може да почне – изјавила Маја по повод оваа прилика.
View this post on Instagram
Она што е интересно, Маја за првпат после 15 години од својата кариера ќе оди на заслужен одмор, а до тогаш ќе се труди да подготви нови песни за кога ќе се врати на музичката сцена.
Инаку нејзиниот сопруг Ален има сопствена фирма и вработено над 80 луѓе и истата се занимава со меѓународен транспорт на секаков вид на роба.