понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Беше еден од најголемите израелски уметници: Почина Хаџим Топол

Беше еден од најголемите израелски уметници: Почина Хаџим Топол

Израелскиот актер и пејач Хаџим Топол почина на 87-годишна возраст, јавуваат бројни светски медиуми.

Познатиот Хаџим Топол е роден во Тел Авив во 1935 година. Го основал здружението на комичари по отслужувањето на воениот рок.

Ќе остане запаметен по улогата во култниот мјузикл „Виолинист на покривот“, како и по улогата во израелската комедија „Салах Шабат“, која во 1964 година му го донесе првиот Златен глобус.

Се памети и неговото филмско деби во продукцијата „Го сакам татко ми“ во 1961 година.

Зад себе ја остави сопругата Галија Топол со која беше во брак од 1956 година и три деца.

-Јас, мојата сопруга и сите граѓани на Израел, со длабока тага се простивме од нашиот драг Топол, кој беше сакан од јавноста и кој беше еден од најголемите израелски уметници, напиша на Твитер израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Најнови вести