Англиската старлета и реалити sвезда Кети Прајс (42) не престанува да ја шокира јавноста.
Имено, познатата старлета прогласи банкрот во 2019 година со долгови од околу 2,1 милиони фунти, а сега тој долг порасна на 3,2 милиони фунти.
Сметководителите сега го открија вистинскиот обем на нејзините долгови. За неа се вели дека зела 154,423 фунти од касата на нејзината компанија која продава козметика и парфеми.
Кети и должи на компанијата „Јодан Трејдинг“ 267.769 фунти, и тие се обидуваат да ги решат своите побарувања против неа.
– Информирани сме дека доверителот кој е во стечај должи приближно 3,2 милиони фунти – рекоа од компанијата, а потоа објави нејзиниот ПР менаџер.
– Кети продолжува тесно да соработува со нејзините доверители во решавањето на банкрот. Таа сè уште е посветена на постигнување позитивен исход за сите инволвирани – рече нејзиниот менаџер.
Да потсетиме, по прогласувањето на банкрот во ноември 2019 година, Кети требаше да плати 12.000 фунти на своите доверители по склучувањето на индивидуален доброволен договор, но не успеа во тоа.