Актерката Сандра Булок оваа година наполни 54 години, а сега покажа дека нема ниту една брчка на лицето. Една од најомилените глумици во Холивуд, Сандра Булок се појави во Њујорк за премиерата на филмот “Bird Box”.
Сандра заблеска во црвена романтична тоалета, но многумина забележале дека нејзиното лице делува многу природно, затегнато и дека нема ниту една брчка.
Булок има изјавено дека е голем противник на естетските зафати и дека нејзиниот изглед е резултат на мајка природа. Сепак, многумина не ѝ веруваат и тврдат дека е опседната со ботокс.
Доколку го споредите нејзиното лице од 2005 година и денес ќе забележите дека и пред 13 години имала брчки, а денес нема.