Актерката и ѕвезда на серијата „Пријатели“ Кортни Кокс проговори за естетските операции и прекумерната употреба на филери за лице.
Едно време актерката изгледала целосно непрепознатливо, а сега станала и свесна за тоа. Признала дека повеќе не е приврзаник на вештачкото разубавување.
-Треба сите да го прифатиме стареењето како нормален период од животот, но јас со тоа не се носев баш најдобро. Сакав по секоја цена својот изглед да го одржам млад. Не сфаќав што направив додека еден ден не се погледнав во огледало и помислив дека повеќе не личам на себеси, изјавила таа.
Кортни пред две години ги отстранила филерите и изјави дека се прифатила себеси и повеќе не се обидува да се промени.
Признала дека цел живот израснала мислејќи дека изгледот е најважната работа на светот.
-Тоа е помалку тажно бидејќи ме доведе во неволја. Силно се трудев да држам чекор со времето, а всушност само ја влошив ситуацијата, заклучила таа.