четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беше сон на секој маж како “чуварка на плажата“: Денес има 48 години и уште изгледа неверојатно добро (ФОТО)

Беше сон на секој маж како “чуварка на плажата“: Денес има 48 години и уште изгледа неверојатно добро (ФОТО)

Кармен Електра ја откри тајната на убавината и на нејзиниот младешки изглед, на кој и денес многу му се восхитуваат.

Американската актерка и ѕвезда од „Чувари на плажата“, се прослави пред скоро 30 години, откако за прв пат се појави на малите екрани и ги маѓепса гледачите со својот изглед уште во 1993-та година.

Кармен од тогаш е во центарот на вниманието на медиумите и јавноста, нејзиниот живот и кариера се променија, но она што останува исто е нејзиниот беспрекорен младешки изглед на кој многумина му се восхитуваат.

Денес, 48-годишната актерка тврди дека ова може да се припише на строги диети, конзумирање на големи количини на вода и внимателно избрани производи за нега на кожата, кои не ги менувала 20 години. Негира дека правела какви било естетски зафати на лицето или “одење под нож“.

Тајната, вели таа, лежи во нејзината едноставност. Не се потпира на производи со штетни хемикалии, не оди на хируршки зафати. Избегнува кофеин, алкохол и шеќер, а пие многу вода.

-Се обидувам да бидам хидрирана цело време. Водата ја хидрира кожата одвнатре и тоа е многу едноставна работа што луѓето ја забораваат. Грижата за себе е поважна од кога било досега, рече актерката.

Најнови вести